Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе одат и до 38 степени!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево  со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се движат во интервал од минимални 13 до максимални 37 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишен кумановец пријавен за исчезнат

Во среда ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 33 степени целзиусови.

Четврток носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до високи 36 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Петок носи уште потопло време. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 38 степени целзиусови.

Сончево и многу топло време ќе имаме и во сабота кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 37 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа и помошни простории, сандаци за пчели и ниви со насади изгореа во пожар во кумановско

И во недела ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од 18 до 38 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во текот на следната недела ќе има благ пад на температурите.

Никола Ивановски