Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.
Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна се очекува да биде повторно 31 степен.
Во среда ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен и североисточен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 15 до максимални 30 степени целзиусови.
Четврток носи сончево и многу топло време со слаб до умерен северен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум ќе достигне високи 33 степени целзиусови.
И во петок ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до засилен ветер од север и североисток кој на моменти ќе достигнува брзина и до 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 31 степен целзиусов.
Сабота носи сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северостичен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната ќе достигне 29 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 29 степени целзиусови.
Во текот на следната недела се очекуваа уште повисоки температури кои ќе достигнат и до 37 степени.
Никола Ивановски