Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе достигне 35 степени целзиусови.
Среда носи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна ќе достигне 36 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме исто така сончево и уште потопло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 18 до максимални 37 степени целзиусови.
Сончево и топло време не очекува и во петок. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од над 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 34 степени целзиусови.
Сончево и топло време ќе имаме и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 15 до максимални 31 степен целзиусов.
Недела носи променливо облачно време со слаб до умерено засилен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 31 степен целзиусов.
Индексот на УВ зрачење во текот на целата недела ќе биде особено штетен за здравјето со коефициент 11.
Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски