Времето денеска во Македонија наутро ќе биде многу студено, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови ( локално над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но релативно студено време со дневна температура во негатива.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне само до -2 степени целзиусови, а во текот на ноќта ќе се спушти и до девет степени во негатива.
Утре во кумановско повторно ќе имаме сончево до умерено облачно и студено време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од -10 во утринските часови до максимални минус еден во текот на денот.
Среда носи повторно сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, односно североисток. Утринската температура ќе се спушти до дури -13 степени, додека максималната дневна ќе достигне до еден степен.
Во четврток ќе имаме сончево, до студено време. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 2 степени.
Сончево време ќе имаме и во петок кога ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу -9 степени, а дневната ќе достигне три степени целзиусови.
Сабота носи сончево и нешто потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седум степени под нула, а дневниот максимум ќе достигне седум степени во позитива.
Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. утринската температура ќе се движи околу -5 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 9 степен.
Слично време, но со раст на дневните температури ќе имаме и во следната недела.
Никола Ивановски