Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 0, а максималните од 9 до 13 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу -4 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 0 до максимални 9 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.

Петок носи исто така претежно сончево време со мала облачност и релативно топло за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во негатива, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 13 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.
Облачно време ќе се задржи и во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад, а температурата ќе се движи од мининални 2 до максимални 10 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

