Неделна прогноза за Куманово: Сончево и топло со свежи утра

Сподели со своите пријатели

Во раните утрински и претпладневни часови денекс во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 2,11 промили алкохол

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне 28 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 31 степен целзиусов.

Во среда ќе имаме променливо облачно и посвежо време. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу осум степени, а максималната дневна ќе достигне 21 степен целзиусов.

Сончево време не очекува и во четврток. Ќе дува слаб до умерено засилен северен и североисточен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 8 до максимални 23 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познати имињата на кандидатите на советници од ЗНАМ Куманово

 

 

Во петок ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 28 степени.

Претежно сончево време со мала облачност не очекува во сабота. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 29 степени целзиусови.

Сончево и релативно топло време ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово во трилер завршница поразен од РК Прилеп

 

 

Релативно високи температури за овој период од годината ќе се задржат и во текот на првата половина од следната работна недела.

Никола Ивановски