Неделна прогноза за Куманово: Релативно топло денски, кочан ладно наутро

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нула, додека максималната дневна се очекува да достигне 8 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На автопатот Табановце – Куманово запленети 237 парчиња разновиден алат (ФОТО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во негатива, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен северозапден ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 12 степени целзиусови.

Сончево време со релативно висока дневна температура ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 1 степен, а дневниот максумум ќе достигне 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворен конкурсот за осмото издание на фестивалот на краток филм ФИЛМАЈ 2026

 

 

Во петок ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.

И во сабота ќе имаме сончево време со релативно висока дневна температура за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне 12 степени целзиусови.

Недела носи исто така сончево и стабилно време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијани возачи приведени викендов во Куманово, двајца учествувале во сообраќајки

 

 

Слично време со нешто повеќе облачност ќе имаме и во текот на наредната недела.

Никола Ивановски