Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб локален дожд, на планините на северозапад со слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 13 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата во утринските часови ќе изнесува три степени, а дневниот максимум ќе се искачи од 13от степен.
Слично време со исти температурни вредности нѐ очекуваат и во среда.
Четврток носи раст на температурата. Времето ќе биде сончево со температури во утринските часови ќе изнесува два степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 15 степен.
Слично ќе биде и во петок кога времето ќе биде сончево до умерено облачно.
Претстојниот викенд носи уште потопло време.
Во сабота времето ќе биде сончево и топло. Температурата во утринските часови ќе изнесува четири степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 16.
Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време, кога максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени целзиусови.
Стартот на новата работна недела ќе донесе слаби врнежи од дожд и снег.
Никола Ивановски