Неделна прогноза за Куманово: Првите денови топло и суво, потоа пресврт

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и релативно топло време со мала облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда петти третман против комарци во Куманово

 

 

Утре низ кумановско исто така ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 32 степени целзиусови.

Сончево и многу топло време за овој период од годината, ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна температура ќе достигне 33 степени целзиусови.

Четврток носи промена на времето. Ќе имаме претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди, но и услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 29 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово одбележан Денот на независноста (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Во петок ќе имаме облачно време со слабод умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а во текот на денот максимумот ќе достигне 28 степени целзиусови.

Променливо облачно време со услови за нестабилност со дожд и грмежи, се очекува во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум ќе достигне 28 степени целзиусови.

И во недела ќе имаме променливо време со нестабилност од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер, а температура ќе се движи меѓу минимални 14 и максимални 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово одбележан Денот на независноста (ФОТО+ВИДЕО)

 

Loading...

 

Стартот на следната работна недела носи стабилност и благ раст на температурите.

Никола Ивановски