Неделна прогноза за Куманово: Првин сонце, па потоа дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени, а дневниот максимум е прогнозиран на 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гости се тепале на свадба во Куманово

Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу три степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

И во четврток во текот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната ќе достигне шест степени целзиусови.

 

Loading...

 

Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во петок, кога ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер, но од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од минимални два до максимални 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопјанка била агресивна кон полицајци во Куманово, па ја привеле

Во сабота врнежите ќе престанат и ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и североисток, а температурите ќе се движат од минимални -4 до максимални 5 степени целзиусови.

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната ќе достигне 8 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Суво време со нешто пвисоки дневни температури  ќе имаме во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски