Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до
засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со внрежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.
И во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе надминува брзина до 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната се очекува да достигне 11.
Чеврток носи променливо облачно време, но без врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен северен и североисточен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 17 степени целзиусови.
Во петок ќе имаме сончево и значително потопло време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 20 степени целзиусови.
Сончево и пријатно време ќе имаме и во сабота. Ќе дува слаб до умерне ветер од југ и југозапад, а температурата ќе се движи од 7 степени во утринските часови, до максимални 20 во текот на денот.
И во недела ќе се задржи сончево и пријатно време со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната ќе се искачи до 19 степени целзиусови.
Стабилно и суво време со пријатни температури ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски