Неделна прогноза за Куманово: Променливо со услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Loading...

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветее од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен дилер од Куманово, кој крадел и струја

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна ќе достигне 18 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево време со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 5 до максимални 20 степени целзиусови.

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи меѓу 10 и 24 степени целзиусови. Ноќта кон петок се очекуваат врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските атлетичари најдобри на Државното првенство под 14 години (ФОТО)

 

Loading...

 

Петок носи облачно време со дожд и слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени, а дневниот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови.

И во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од  север, а температурата ќе биде во интервал од минимални 6 до максимални 15 степени целзиусови.

Недела носи променливо облачно време со комбинација од сонце, но и дожд. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, а температурата ќе се движи меѓу 7 и 17 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој крадел од црква

Никола Ивановски