Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, наместа со брзина и над 50 km/h.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигне брзина и од над 44 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне до 22 степени целзиусови.
Утре ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седум степени, а дневниот максимум е достигне 25 степени целзиусови.
Среда носи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 26 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме сончево до умерено облчано, но топло време со слаб до умерен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната во текот на денот ќе се искачи до 25 степени целзиусови.
И во петок ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерено засилен ветер од север и северозапад. Температурата ќе биде во интервал од минимални осум степени, до максимални 23.
Сончево и топло ќе биде и во сабота кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен праве. Минималната температура ќе се движи околу осмиот степен, а максималната ќе се искачи до 23 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 24 степени целзиусови.
Слично време, со нешто пониски температури ќе имаме и во текот на следната недела.
Никола Ивановски