Неделна прогноза за Куманово: Претстои пекол!

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Температурата ќе се движи од минимални 13 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ги нападнал сопругата и малолетниот син, полицијата го привела

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 33 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум ќе достигне високи 36 степени.

 

Loading...

 

Најтопло неделава се очекува да биде во четврток кога ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од југозападен правец и температура чиј дневен максимум се очекува да достигне 38 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер нападнат на плоштадот во Куманово

Високи 37 степени целизусови според синоптичарите ќе имаме и во петок, кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

 

 

Сончево и многу топло време ќе има и во сабота кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 35 степени целзиусови.

И недела носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 33 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Сончево и многу топло време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ги нападнал сопругата и малолетниот син, полицијата го привела

Никола Ивановски