Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево претпладне со услови за нестабилност во попладневните часови проследена со врнежи од дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 25 степени целзиусови.
И утре низ кумановско ќе имаме сончево претпладне, со услови за нестабилност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток. Температурата ќе се движи во интервал од 13 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.
Слично време ќе имаме и во среда со сончево претпладне, и нестабилност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна околу 26 степени целзиусови.
Нестабилно во попладневните часови ќе биде и во четврток кога ќе дува слаб до умерен ветер од запад и северозапад. Минималната температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната до 23 степени целзиусови.
Претежно облачно претпладне ќе имаме во петок со услови за малку сонце. Во попладневните часови повторно се очекува нестабилност со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 25 степени целзиусови.
Сабота носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозапад, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 22 степени целзиусови.
Во недела повторно „стара песна“, односно сончево претпладне и нестабилно попладне со слаб до умерен ветер од север и северозапад и температури од 13 до 26 степени целзиусови.
Следната работна недела се очекува конечно дождот да престане, барем во првите денови.
Никола Ивановски