Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните и јужните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 22 степени целзиусови.
И во среда ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северостичен правец, а температурите ќе бидат во интервал од минимални 7 до максимални 24 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.
Петок носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 22 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 24 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 24 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и следната работна недела.
Никола Ивановски