Неделна прогноза за Куманово: Постепен раст на температурите!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умернео засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 12 степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

Сончево до умерено облачно време ќе имаме и в среда. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната днева до 25 степени целзиусови.

Четврток носи благ пораст на температурите. Ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Во утринските часови температурат аќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

 

 

Loading...

Петок повторно носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната днвна ќе достигне 31 степен целзиусов.

Во сабота ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 17 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

Слично време ќе имаме и во недела, кога температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до 29 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

 

 

Стабилно и топло време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...