Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за екстремни горештини

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој и зошто забрани РЦУК Куманово да споделува информации со јавноста?

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме повторно сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 36 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи околу 17, а максималната дневна ќе достигне 37 степени целзиусови.

Четврток носи уште потпло време. Ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната ќе се искачи до високи 38 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граѓаните кои претрпеле штети од пожарите да поднесат барање за обештетување

 

 

И во петок ќе биде екстремно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 38 степени целзиусови.

Сабота исто така носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, минималната температура ќе се движи околу 17, а максимумот повторно околу 38 степени целзиусови.

Многу топло ќе биде и во недела, кога ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 38 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорката на Швајцарија во посета на Куманово (ФОТО)

 

Loading...

 

И следната недела ќе се задржи многу топло време, но со мал пад на максималните температури.

Никола Ивановски