Неделна прогноза за Куманово: Подгответе ги чадорите!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег.

Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна реконструкцијата на улицата од мостот во Проевце до хотел „Куба“ (ФОТО)

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 4 степени, а дневниот максимум ќе достигне 9 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме облачно време во текот на денот. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 11 степени целзиусови. Во вечерните часови ќе има врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца возачи останаа без возила во Куманово, едниот возел без дозвола, вториот со забрана

Четврток носи претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степени, а максималната дневна е прогнозирана да достигне 13 степени целзиусови. Во вечерните часови ќе има врнежи од дожд.

 

 

Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до третиот степен, а максималната дневна ќе достигне 9 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 3 до максимални 12 степни целзиусови. Во вечерните часови ќе има врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре го пречекува ГРК Охрид

Недела носи променливо облачно време со услови и за сонце и за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови. Во вечерните часови ќе има услови за повеќе дожд.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела.