Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи минималните температури ќе се движат од -6 до 2 степени целзиусови, а максималните од 0 до 9 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу еден степен во негатива, додека максималната дневна се очекува да достигне 4 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 3 до максимални 9 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме облачно време со слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови. Ноќта кон четврток можни се услови за слаб дожд.
Четврток носи повторно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу шест степени, додека дневниот максимум ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

Во петок ќе имаме облачно време со слаб до умерено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до 6 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 11 степени целзиусови. Ноќта кон сабота ќе имаме врнежи од дожд.
Променливо облачно време ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 3 до максимални 13 степени целзиусови.
Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе се искачи до 10 степени целзиусови.

Променливо време со претежно двоцифрени максимални температури ќе се задржи и во текот на првиот дел од следната работна недела.
Никола Ивановски

