Неделна прогноза за Куманово: Оваа седмица без врнежи

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени врнежи од дожд, на планините на северозапад врнежите беа од снег.

Loading...

Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утрово преовладува променливо облачно време, а по котлините има појава на магла со намалена хоризонтална видливост до 500 метри (Тетово).

Во текот на денот денеска низ Македонија времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 9 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални два степени, до максимални осум во текот на денот.

Loading...

Четврток носи променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до пет степени целзиусови.

 

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме облачно време со слаб до засилен ветер од југ и југоисток, кој ќе достигне брзина и до 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец ќе имаме и во недела. Температурата ќе се движи од минимални 3 до максимални 9 степени целзиусови.

Во текот на ноќта кон понеделник ќе имаме врнежи од дожд.

Loading...

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски