Претпладне низ Македонија ќе имаме претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи.
Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време, со услови за дожд во првиот дел од денот и разведрување попладне.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за региониот на Куманово и за денеска е прогласен жолт метео аларм за опасност од врнежи од дожд.

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со услови и за облаци и дожд, но и за сонце. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека дневниот максимум ќе се искачи до 12 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме сончево и стабилно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 2 степени, додека максимумот ќе достигне 17 степени целзиусови.
Четврток носи претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 4 до максимални 17 степени целзиусови.

И петок носи претежно облачно време со слабо сонце. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 18 степени целзиусови. Ноќта кон сабота ќе имаме врнежи од дожд.
Во сабота ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 20 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад, а температурата ќе се движи од минимални 6 до максимални 20 степени целзиусови.

Почетокот на следната работна недела носи температури околу дваесетиот степен.
Никола Ивановски

