Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 16 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ и југосток, а од страна на УХМР е издадено жолто метео предупредување за силен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 5 степени во утринските часови, до максимални 17 во текот на денот.
И среда носи облачно, но релативно топло време со умерен до засилен ветер од јужен и југостичен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу пет степени, а максималната ќе се искачи до 17 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме претежно облачно време со сосема мали услови за сонце. ќе дува умерен до засилен ветер повторно од јужен и југостичен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални шест до максимални 16 степени целзиусови. Ноќта кон петок се очекуваат врнежи од дожд.

Облачно и топло со умерен до умерено засилен јужен ветер, ќе биде времето во петок. Температурата ќе се движи околу 5 степени во утринските часови, до максимални 14 во текот на денот.
Повеќе сонце носи дури претстојната сабота, кога небото ќе биде со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а температуратаа ќе се движи од минимални 4 до максимални 15 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и релативно топло време со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од минимални три до максимални 19 степени целзиусови.

Високите температури ќе се задржат и во првата половина од следната работна недела, по што ќе следуваат врнежи од дожд.
Никола Ивановски

