Неделна прогноза за Куманово: Нѐ очекуваат врнежливи денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 22 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со услови за дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ и југоисток кој на моменти ќе надмине и брзина од 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе достигне 22.

Среда носи променливо облачно време со услови за малку сонце, но и дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а во текот на денот се очекува да достигне максимални 22 степени целзиусови.

Променливо облачно со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови ќе биде времето во четврток. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север и северозапад. Температурата ќе биде во интервал од минимални 10, до максимални 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје

 

Loading...

 

Во петок нема да има врнежи, но ќе се задржи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи околу деветиот степен, а дневниот максимум ќе достигне до 22 степени целзиусови.

Во сабота продолжуваат врнежите од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 23 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но без врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 23 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје

 

 

Нестабилното време со дожд и грмежи ќе продолжи веќе од следниот вторник.

Loading...

Никола Ивановски