Неделна прогноза за Куманово: Невреме најавено и за денеска!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи.

Минималната температура ќебиде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со услови за нестабилност во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна чистењето на речното корито на Кумановка (ФОТО)

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да дсотигне до 32 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време, повторно со услови за нестабилност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 32 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец со оружје, со него било 14-годишното девојче пријавено за исчезнато

Четврток носи облачно и посвежо време, со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 16 до максимални 28 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во петок ќе имаме променливо облачно време со услови и за сонце и за дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 29 степени целзиусови.

Сабота носи повторно сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворена 51. ликовна колонија „Куманово 2025“ (ФОТО)

Сончево со мала облачност ќе биде и во недела кога ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 31 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Слично време со температури претежно над 30 степени, ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски