Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.
Во Куманово и околината денека ќе имаме променливо облачно време во претпладневните часови со услови за нестабилност со дожд и грмотевици во попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 11 степени во утринските часови, до максимални 23 во текот на денот.
Утре во кумановско ќе имаме повторно променливо време во утринските часови со услови за нестабилност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.
И среда носи повторно слично време со услови за нестабилност во поладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозапад, а температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 25 во попладневните.
Променливо облачно претпладне и дожд и грмотевици попладне ќе имаме и во четврток кога ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум околу 24 степени целзиусови.
Исти временски услови со попладневна нестабилност се најавени и за во петок, кога ќе дува умерено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од минимални 13 до максимални 23 степени целзиусови.
Променливо облачно со малку повеќе услови за сонце во претпладневните часови ќе биде времето во сабота, но повторно во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени целзиусови, а дневниот максимум се очекува да достигне до 20 степени.
Недела носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе достигне брзина и до околу 50 километри на час. Температурата ќе се движи од минимални 11 степени во утринските часови до максимални 22 во текот на денот.
Со пауза во понеделник, од вторник следната недела повторно продолжува нестабилното време.
Никола Ивановски