Неделна прогноза за Куманово: Наутро студено, попладне пролет

Сподели со своите пријатели

Студено утро, а преку денот претежно сончево, ќе биде времето низ Македонија денеска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу три степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири интервенции вчера имале кумановските пожарникари

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, додека дневниот максимум се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме повторно сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од минимални четири до максимални 21 степен целзиусов.

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални пет до максимални 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан и ограбен во Штип

 

Loading...

 

Петок носи сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

И во сабота ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

Сончево и топло време ќе имаме и во недела, кога ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од минимални пет до максимални 19 степени целзиусови.

 

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Странци летале дрон над браната во Липково, полицијата ги привела

Слично време, со нешто пониски максимални температури, ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски