Неделна прогноза за Куманово: Нагли промени во температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Loading...

Претежно во западните делови ќе биде со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаб до умерено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германец се обидел да влезе преку Табановце со дрога, ножеви, солзавец и електрошок

Утринската температура ќе се движи околу нула, додека дневниот максимум се очекува да достигне шест степени целзиусови. Ноќеска се очекуваат врнежи од слаб снег.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, поради што е активирано и жолто метео предупредување за опасност од засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални -5 до максимални четири степени целзиусови.

Среда носи сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе достигне осум степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Младо Нагоричане со тврд предмет натепал две лица

Во четврток се враќа пролетта. Времето ќе биде сончево со мала облачност, а ќе дува слаб до умерено засилен јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Петок носи претежно облачно време со малку сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи од минимални -1 до максимални 9 степени целзиусови. Во текот на ноќта кон сабота се очекуваат услови за слаб снег.

Во сабота ќе имаме облачно и студено време со слаб до умерено засилен ветер од источен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, а максималната дневна ќе се искачи само до два степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Евротип и МКК Куманово го официјализираа договорот за соработка

Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од север и североисток. Температурата ќе се движи од минимални -7 до максимални четири степени целзиусови.

 

 

Loading...

Повеќе сонце, но со негативни утрински температури ќе биде во следната работна недела.

Никола Ивановски