Неделна прогноза за Куманово: Летото зема замав

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ индексот ќе биде висок со коефициент осум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со огнено оружје се заканувал на својот сосед

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 29 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад, а температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 32 степени целзиусови.

Среда носи сончево до умерено облачно време со услови за нестабилност со дожд и грмежи во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Компаниите и училиштата во Куманово во заедничка мисија за стручно образование (ФОТО)

 

 

Loading...

Сончево и топло време со мала облачност ќе биде времето во четврток кога ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 29 степени целзиусови.

Петок носи променливо сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. минималната температура ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 32 степени целзиусови.

 

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во сабота кога ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе надминува и брзина од 50 километри на час. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен обид за грабеж во угостителски објект во Куманово, крадецот приведен

Сончево и топло време ќе имаме во недела кога ќе дува умерен до засилен ветер од север. Минималната температура ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 27 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Суво и топло време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски