Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец.
Попладне во северните делови претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени целзиусови, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 34 степени целзиусови.
За денеска за Куманово и околината се издадени жолт метео аларм за силен ветер и жолто предупредување за опасност од екстремно високи температури.
Утре во кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна до 34 степени целзиусови.
Среда носи сончево и многу топло време и слабо до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи околу 18 степени, а дневниот максимум до 35 степени целзиусови.
И во четврток ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од север и североисток. Температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 33 степени целзиусови.
Сончево и многу топло времето ќе биде и во петок кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 17, а дневната до 35 степени.
Во сабота ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 17 степени во утринските часови до 33 степени во текот на денот.
И во недела ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 33 степени целзиусови.
Во текот на следната недела се можни и услови за дожд.