Неделна прогноза за Куманово: Ќе здивнеме од горештините!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, доцна попладне и во вечерните часови во крајните северни делови ќе има локален дожд.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со умерена облачност и услови за слаб дожд во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал сестрата и нејзиниот малолетен син

 

 

Утре во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 22 степени целзиусови.

За утре од УХМР е издадено и жолто предупредување за силен ветер.

Среда носи сончево до умерено облачно време со слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 14, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени целзиусови.

Во четврток повторно ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и североисток, а температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 24 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Табановце спречен шверц на илјадници монети со археолошка вредност

 

 

Во петок ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 12 степени во утринските часови, до максимални 28 во текот на денот.

Во сабота повторно ќе се вратат летните температури. Ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерено засилен северен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 31 степен целзиусов.

Недела носи сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал поранешната сопруга

 

Loading...

 

Следната недела повторно ќе имаме температури околу трисетина степени.

Никола Ивановски