Неделна прогноза за Куманово: Ќе се вратат ли повисоките температури?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово денеска против Тиквеш

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи еден степен над нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

Среда носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти околу вториот степен, а максималната ќе достигне 17 степени целзиусови.

Претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од над 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови. Ноќта кон петок ќе има услови за врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со возила им го попречиле патот па натепале двајца кумановци

 

 

Во петок ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и североисток. Температурата во утринските часови ќе се спушти до третиот степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне 10 степени целзиусови. Ноќта кон сабота ќе имаме услови за слаб дожд.

Во сабота ќе имаме променливо време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 3 до максимални 8 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме променливо време со услови и за дожд и за сонце. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до осум степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановц, полицијата му пронашла наркотици и дигитална вага

 

 

Следната работна недела носи раст на температурите и повеќе дожд.

Никола Ивановски