Неделна прогноза за Куманово: Ќе кажеме ли збогум на дождот?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималните температури низ дражвата ќе се движат од 21 до 31 степен целзиусов.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 28 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово останува една од најтранспарентните институции во Македонија

Претежно сончево и топло време со мала облачност ќе имаме и во среда кога ќе дува слаб до умерено засилен северен и северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

 

 

Сончево и топло со мала облачност ќе биде и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и севрозапад, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 31 степен целзиусов.

Петок носи најтопло време недела. Ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне дури до 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот Мицкоски утре во посета на Куманово

 

 

Веќе во сабота повторно ќе имаме нестабилно време проследено со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 29 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но без дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

 

 

Слично време ќе имаме и следната работна недела.

Никола Ивановски