Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли сонце за 2 Август?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 13 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово. Што носи последната седмица од февруари?

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 33 степени целзиусови.

Среда носи повторно сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 16 до максимални 33 степени целзиусови.

Чеврток носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи од 18 степени во утринските часови до максимални 36 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граѓаните да не наседнуваат на измамите со лажни сообраќајки, апелира СВР Куманово (ВИДЕО)

 

Loading...

 

И во петок ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од југ. Температурата ќе се движи од 18 степени во утринските часови до максимални 36 во текот на денот.

Во сабота ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне 34 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка дала бебе на чување, па не сакале да ѝ го вратат

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела, но со нешто пониски температури.

Loading...

Никола Ивановски