Времето денеска во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од еден степен под нулата во текот на утринските часови до максимални шест степени во текот на денот. Ноќта кон вторник ќе започнат врнежи од снег.
Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе спушти пет степени под нулата, додека максималната дневна ќе изнесува два степени целзиусови.
Претежно облачно време, но без врнежи ќе имаме во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен праевц. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -2 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до третиот степен целзиусови. Ноќта кон четврток можни се услови за слаб снег.
Четврток носи разведрување. Ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти осум степени под нулата, а максималната дневна ќе се искачи до третиот степен целзиусов.
Претежно сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето в четврток. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од -6 степени во утринските часови до максимални 4 степени целзиусови во текот на денот.
Во сабота може да се очекува претежно облачно време. Ќе дува слаб ветер од западен, односно југозападен правец. Во утринските часови ќе биде студено со температура од -5 степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да се искачи до петиот степен.
Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал до -5 степени во утринските часови до максимални четири степени целзиусови.
Стабилно и сончево време со ниски утрински температури ќе имаме во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски