Неделна прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за Велигден?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово претрпе пораз од Чаир

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу осмиот степен, а максималната дневна темпепратура ќе се искачи до 21 степен цезлиусов.

Сончево време, но со благ пад на температурата ќе имаме и во среда. Ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се спушти до само еден степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне 15 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан на Бит Пазар

 

 

Петок носи претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максимумот ќе достигне 11 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

Обачно време со врнежи од дожд ќе имаме и за Велигден. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални четири степени во утринските часови до максимални 11 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово го совлада РК Радовиш

 

 

Врнежи ќе има и на вториот ден од Велигден, по што од вторник ќе следува разведрување.

Никола Ивановски