Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температура ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. температурата во утринските часови ќе биде околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.
Слично, но со повеќе сонце ќе биде времето во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а температурата ќе биде во интервал од 0 степени во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.
Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето и в среда. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југозападен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу вториот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне до 11 степени целзиусови.
Претежно облачно со дожд, но и со кратки сончеви периоди ќе биде времето за Бадник. В четврток ќе дува слаб ветер од југозападен правец, додека температурата ќе се движи од минимални нула степени во утринските часови, до максимални 11 во текот на денот.
Претежно сончево време со мала облачност ќе биде во петок. Утринската температура ќе биде околу нулата, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 7 степени целзиусови.
Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме на првиот ден од викендот. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневнас е очекува да се искачи до шестиот степен.
Слично време ќе имаме и во недела, кога преку ноќта врнежите од дожд може на одредени места да преминуваат во врнежи од снег.
Следната работна недела носи претежно стабилно време.
Никола Ивановски