Неделна прогноза за Куманово: Еве кога повторно ќе има снег!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу -11 додека максималната дневна се очекува да достигне -1 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно, но студено време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до девет степени под нулата, а во негатива од два степени ќе биде максималната дневна температура.

Облачно со услови за слаби врнежи од снег ќе биде в среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу -4 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до третиот степен целзиусов.

Облачно, но суво време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до -8 степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да се искачи до 5 степени целзиусови.

 

 

Во петок ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од -4 степени во утринските часови до максимални пет степени целзиусови во текот на денот.

Loading...

Облачно време со услови за врнежи од дожд ќе имаме в сабота. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти седум степени под нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до четвртиот степен целзиусов.

Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од -6 степени до максимални 4 во текот на денот.

 

 

Слично време носи и следната работна недела.

Никола Ивановски