Неделна прогноза за Куманово: Еве кога може да очекуваме дожд!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен, а максималните меѓу 4 и 12 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна ќе се искачи до 7 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со остар предмет се заканувал на својот сосед

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 2 степени, а максималната дневна ќе достигне 8 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 8 степени целзиусови.

И во четврток ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 6 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две куќи опожарени викендов во Куманово

 

 

Петок носи претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температура во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до 7 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу -3, а максималната ќе се искачи до 7 степени целзиусови.

И во недела ќе имаме сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и северозапад, а температурата ќе се движи од минимални -1 до максимални 7 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две куќи опожарени викендов во Куманово

 

 

Слично време ќе се задржи и следната работна недела.

Никола Ивановски