Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Попладне и особено во текот на ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд, повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максиманата дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со услови за дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне само 20 степени целзиусови.
Среда носи облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 до максимални 21 степен целзиусов.
Во четврток ќе имаме сончево и топло време и повторен раст на температурата. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 13 до максимални 28 степени целзиусови.
Петок носи облачно време со умерен до засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој на моменти ќе дистугнува брзина и до 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 26 степени целзусови.
Во сабота ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 20 степени целзиусови.
Претежно облачно време со сосема кракти сончеви периоди ќе имаме и во недела, кога ќе дува и слаб до умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.
Слично време, со врнежи од дожд, ќе имаме и во наредната работна недела.
Никола Ивановски