Времето утре низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од север. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 17 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 16 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност, ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, а максималнта дневна ќе достигне 18 степени целзиусови.
Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи меѓу 9 и 15 степени целзиусови.
И во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.
Врнежите од дожд ќе продолжат и во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 16 степени целзиусови.
Од понеделник ќе инане стабилизација на временската состојба.
Никола Ивановски