Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне само три степени целзиусови.
Во текот на ноќта се очекува врнежите од снег да се мешаат со врнежи од дожд.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за опасност од снег и мраз.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне само два степени.
Во среда ќе имаме облачно време со услови за нешто пообилен снег и слаб до умерено засилен ветер од север. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне само два степени целзиусови.
И во четврток ќе имаме услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални -2 до максимални 3 степени целзиусови.
Облачно, но без врнежи ќе биде во петок, кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозапден правец. Температурата ќе се движи од минимални -3 до максимални 2 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу -6 степени, а дневниот максимум ќе достигне само два степени.
И во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од исток и североисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне три степени целзиусови.
Слични температури, но сончево време ќе имаме и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски