НЕДЕЛНА ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Денеска дожд со пустинска прашина

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд во претпладневните часови, а пообилни во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи.

На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите низ кумановско ќе се движат од четири степени во утринските часови до максимална дневна температура од 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Според синоптичарите на УХМР, до четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во вторник и четврток на места пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во кумановско и околината утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе изнесува три степени, а максималната дневна ќе достигне 12.

Врнежите делумно се очекува да престанат во среда, кога ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува седум, а максималната дневна 15 степени целзиусови.

Четврток повторно носи врнежи од дожд, но и значителен температутен шок, барем кога станува збор за утринската температура која ќе биде шест степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 13.

Петок носи двоцифрен пад на максималната дневна температура. Врнежите од дожд ќе престанат, а температурите ќе се движат од -5 во утринските часови до само еден степен во позитива во текот на денот.

 

Loading...

 

Студено, но бе зврнежи ќе биде за претстојниот викенд.

Во сабота ќе имаме претежно облачно време. Утринската температура ќе изнесува минус седум степени, а максималната дневна ќе достигне 0.

Недела ќе биде најстудена, кога ќе имаме облачно време и температури од -9 во утринските часови, до -1 во текот на денот.

 

 

Loading...

Слично време ќе се задржи и на стартот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply