Неделна прогноза за Куманово: Денеска дожд, па топли и сончеви денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Loading...

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 17 степени, додека максималните дневни се очекува да бидат меѓу 24 и 32 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме петежно облачно време со кратки сончеви период и услови за нестабилност со дожд и грмежи во попладневните часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,70 промили. Полицијата го привела.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува  брзина од 40 километри на час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.

Среда носи исто така сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре крводарителска акција на Црвен крст Куманово

Сончево и многу топло време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 36 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во петок ќе имаме сонечво и топло време. Ќе дува слаб до умерен југозапден ветер, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 33 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Чест и гордост е да се служи во АРМ, нека ви е вековит денот

Сончево и топло време ќе имаме во недела, со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 11 до максимални 29 степени.

 

 

Loading...

Слично време ќе се задржи и во последните денови од август и почетокот на септември.

Никола Ивановски