Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 26 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 6 степени во утринските часови до максимални 18 во текот на денот.
Утре во Куманово ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утриснката температура ќе се движи околу 4 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.
Претежно сончево време ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен северен, односно северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 5 степени во утринските часови, до максимални 19 во текот на денот.
Слично време ќе имаме и во четврток, кога утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната се очекува да достигне до 20 степени целзиусови.
Сончево до умерено облачно време ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна до 22.
Сабота носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 9 степени во утринските часови, до максимални 22 во текот на денот.
Слично време ќе имаме и во недела, кога дневниот максимум исто така ќе се искачи до 22 степени целзиусови.
Бран врнежи се очекува да ја зафати земјата кон средината на следната работна недела.
Никола Ивановски