Неделна прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На планините на северозапад ќе врне снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и понатаму на места ќе има услови за врнежи од слаб дожд. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

Благ раст на температурите може да се очекува од среда. Облачноста ќе се намалува па ќе имаме претежно сончево време. утринската температура ќе биде околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 15 степени.

Во четврток ќе имаме сончево и потопло време со мала облачност. Температурата ќе се движи од минимални 7 степени во утринските часови, додека максималната дневна ќе достигне 18.

Петок повторно носи облачно време со врнежи од дожд. Утринската температура ќе изнесува 6 степени, додека максималната дневна ќе достигне 16 степени целзиусови.

 

Loading...

 

За претстојниот викенд ќе имаме стабилно време.

Мала до умерена облачност ќе има во сабота кога температурата ќе се движи од минимални пет, до максимални 15 степени целзиусови.

Слично ќе биде и во недела кога дневниот максимум се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

 

 

Стабилното време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply