Неделна прогноза: Какво време носи првата мартовска седмица?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде прeтежно облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОФС Куманово го одржа годишното собрание: Примени три нови фудбалски клубови

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со мало замаглување. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.

Среда носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и со повисоки температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 5 до максимални 19 степени целзиусови.

Ноќта кон четврток ќе има услови за слаб дожд.

Во четврток ќе имаме мал пад на температурите и облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово го совлада тимот на Струга (ФОТО)

 

 

Петок носи променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум ќе достигне 17 степени целзиусови.

Сончево време ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, а температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 15 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност не очекува во недела. Ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а масималната дневна ќе се искачи до 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опожарено возило на МВР во Младо Нагоричане

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски