Времето денеска низ Македонија ќе биде ведро и многу студено во утринските часови, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мало замаглување на сонцето.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 6 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу -5 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 6 степени целзиусови.

Последниот ден од оваа година ни носи претежно сончево време со мала облачност.
Ќе продолжи да дува северен и североисточен ветер, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Максималната температура се очекува да достигне -1 степен. Во најлудата ноќ, температурата ќе се спушти и до -9 степени целзиусови.

Првиот ден од новата 2026 година ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти шест степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне 3 степени целзиусови.

Во петок ќе имаме исто така променливо време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 2 до максимални 7 степени целзиусови.
Сабота носи сончево време со слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 2 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 10 степени целзиусови.
Недела носи сончево и потопло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 6 до максимални 12 степени целзиусови.

Следната работна недела се можни услови за врнежи од дожд.
Никола Ивановски

