Голем дел од Куманово ќе биде без вода ноќта во недела кон понеделник, поради сервисирање информираат од Јавното претпријатие „Водовод“.
– Поради изведба на периодично сервисирање на елементи на водоводен вод за средна зона Ф457.2мм, на ден 19.07.2021год. со почеток од 01.00 часот (Недела наспроти Понеделник) водоснабдувањето ќе биде прекинато на следниве улици од водот за средна водоводна зона: „Тоде Мендол“, „Б.И.Гуне“, „Вук Караџиќ“, Поток Серава, „Младен Стојановиќ“, „Франц Розман“, „Драгојло Диндиќ“, „Милан Зечар“, „Прозорска“, дел од „Бајрам Шабани“, „Васа Пелагиќ“, „Правда Спасовска“, Бараки и околните улици кои гравитираат околу гореспоменатите улици, стои во сооопштението на „Водовод“.
Со намален притисок на вода ќе се соочат населбите Гоце Делчев, Зелен Рид и Јане Сандански.
Водоснабдувањето, појаснуваат од ЈП „Водовод“ се очекува да се нормализира во претпладневните часови на 19.07.2021година (Понеделник).
– Ј.П.Водовод Куманово ги замолува граѓаните за разбирање, стои во соопштението.
Никола Ивановски

