Четоврица затвореници од затворот Керобокан на Бали избегале низ тунел долг 12 метри.
Стражарите забележале дека недостасуваат четворица затвореници, а набргу го пронашле и тунелот широк 40 сантиметри, зад затворската клиника во близина на стражарската кула.
Меѓу затворениците кои избегале се Австралијанецот Шон Дејвидсон кој е затворен поради фалсификување документи и му останале да одлежи уште само два месеци од едногодишната затворска казна, Индиецот Саја Мухамед Саид и Малезиецот Ти Кок Кинг кои служеле 14, односно седум и пол години каза затвор поради дилање дрога.
Loading...
Четвртиот бегалец е Бугаринот Дмитри Николов Илиев кој служел седум години поради берење пари.
Стражарите мислеле дека затворениците избегале така што од својот одел ја прескокнале оградата и дошле зад објектот на клиниката во дворот и од таму влегле во тунелот.
Тунелот е долг 12 метри и мислиме дека им биле потребни околу недела дена да го ископаат – рекол Тони Наинголан, началник на затворот.
Тунелот излегува на каналот кој подоцна води близу главната улица, каде камерите не работеле затоа што каблите биле исечени.